Мајорка и Реал Сосиедад со „нули“ во првиот меч во Купот

Едниот финалист во Купот на Шпанија ќе се решава во Сан Себастијан, откако Мајорка и Реал Сосиедад вечерва одиграа без голови во првиот полуфинален натпревар одигран на стадионот во Палма де Мајорка.

Реал Сосиедад беше подобар ривал во текот на целиот меч, имаше повеќе од играта и од шансите, но на крајот не успеа да се стекне со предност.

Мајорка, пак, од друга страна приреди големо разочарување на своите навивачи, со оглед дека не упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, па шансата за изненадување ќе ја бара на реваншот.

Се вчитува...