ФА Куп: Ковентри, Лидс и Саутемптон во 1/8 финалето

Екипите на Ковентри, Лидс и Саутемптон се пласираа во 1/8 финалето на ФА Купот на Англија, откако вечерва ги совладаа своите противници Шефилд Ведздеј, Плимут и Ватфорд.

Ковентри со 4-1 беше подобар од Шефилд Веднздеј. Поб едникот беше решен во вториот дел, откако Ковентри со три гола стигна до победата. Резултатот по првиот меч беше 1-1.

Саутемптон исто така во вториот дел го реши победникот во дуелот со Ватфорд, и го совлада со 3-0. Првиот меч заврши 1-1.

Лидс мораше да игра продолженија, откако во регуларниот дел мечот заврши 1-1, и поради тоа што ова беше втор натпревар, се премина кон продолженија. Таму Лидс постигна уште три гола, и дојде до победата од 1-4.

Се вчитува...