Тандемот Дончиќ – Ирвинг го носеше Далас до победа над Бруклин

Неверојатна партија на тандемот Дончиќ – Ирвинг кои постигнаа 71 поен во победата на Далас над Бруклин 119-107. На Словенецот му недостасуваше една асистенција за 10-ти трипл-дабл во сезоната. Далас така стигна до 28 победа во регуларниот дел на НБА.

Дончиќ го заврши мечот со 35 поена, 18 скока и девет асистенции, додека Ирвинг имаше поен повеќе, пет асистенции и два скока.

Тандемот на Далас наизменично погоди неколку тројки во вториот дел после обидот Бруклин да направи серија и пресврт. Дончиќ и Ирвинг постигнаа 71 поен, а останатите кошаркари на Далас упишаа 48 поени.

Најнеизвесно беше во Чикаго, каде што домашниот тим дури по продолженија го совлада тимот на Минесота. И во таборот на Чикаго клучен фактор беше тандем, предводен од ДеРозан – Вајт, кои заедно постигнаа 66 поени (по 33 секој). Сепак, најефикасен на мечот беше Едвардс од Минесота кој уфрли 38 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Хјустон 132:129
Бруклин – Далас 107:119
Мајами – Орландо 121:95
Њујорк – Мемфис 123:113
Јута – Оклахома 124:117
Чикаго – Минесота 129:123 (по продолженија)
Феникс – Милвоки 114:106

Се вчитува...