Паѓа светскиот рекорд: Ливерпул за Салах добива 235 милиони евра?

Ал Итихад минатото лето со понуда од 175 милиони евра, ја тестираше подготвеноста на Ливерпул да се откаже од услугите на својот најдобар играч Мохамед Салах. Англискиот гигант ја одби понудата, но после само неколку месеци Египѓанецот е на добар пат да си оди од Енфилд, и да замине во Саудиска Арабија.

„Атлетик“ пишува дека клубот од Саудиска Арабија не се откажува од Салах. Откако дознале дека и понудата од 200 милиони ќе биде одбиена, Ал Итихад е подготвен да ја зголеми цифрата на 235 милиони евра, со што 31-годишниот крилен напаѓач би станал најскапиот играч на сите времиња, односно 13 милиони повеќе од она кое ПСЖ го плати на Барселона за Нејмар во 2017 година.

Салах би заработувал 7 милиони евра месечно, односно плата од 84 милиони евра по сезона.

Во англиските медиуми се шпекулира дека заминувањето на Јирген Клоп од Луверпул, ќе има големо влијание врз евентуалниот трансфер на Салах и дека новиот тренер ќе одлучува, но голема е веројатноста наскоро „црвените“ да останат без еден од најдобрите играчи на тимот на сите времиња.

Се вчитува...