Фановите на Звезда во шок, Теодосиќ се враќа во Италија?

Искусниот кошаркар Милош Теодосиќ, кој во моментов е дел од Црвена Звезда, би можел да се врати во Италија, откако екипата на Трапани е заинтересирана за неговите услуги.

Ова го призна претседателот на италијанскиот клуб, Валерио Антонини кој призна дека имал преговори со српскиот плејмејкер.

„Сакам да го однесам Трапани во Серија „А“. Не сакаме следната сезона да бидеме неподготвени. Веќе имаме договор со двајца силни кошаркари. А, во тек се преговори со Србин кој игра во татковината, а минатата сезона беше во Италија“, рече Антонини за „Кориере дело Спорт“.

Новинарот веднаш го споменал името на Теодосиќ, а Антонини му кажал: „Имате добар нос“.

Се вчитува...