Поранешнито извршен директор на Јувентус, Џузепе Марота во интервју во „ДАЗН“ откри една интересна информација додека беше дел од „бјанконерите“. Тој кажа дека бил против доведување на Кристијано Роналдо во клубот.
Марота имаше успешен период во Јувентус, а сега работи успешно и во Интер.
„Морам да признаам дека минав 10 неверојатни години во Јувентус, но кога шефовите решија да ја променат стратегијата, морав да направам чекор назад. Оваа одлука ја прифатив како нормална. Имавме несогласувања околу трансферот на Роналдо. Јас не се согласував тој да дојде. Како играч има несомнени квалитети, но оваа зделка чинеше многу пари. Не заминав поради тоа, туку едноставно мојот договор заврши и дојде време за промена“, рече Марота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА