Нова феноменална партија имаше Лука Дончиќ, која му донесе победа на Далас на гостувањето кај Бруклин. На крајот Далас славеше со 119-107, а Дончиќ на крајот беше прогласен за играч на натпреварот.
Словенецот беше на чекор до трипл-дабл, што ќе беше 10-ти во регуларната НБА сезона. Имаше 35 поени, 18 скокови и 9 асистенции.
На теренот мина 43 минути, а лудо звучи фактот дека за таа минутажа Дончиќ имаше само една загубена топка. Стручњаците тврдат дека тоа е првиот играч во историјата која има ваква статистика за толку минути минати на теренот. Исто така треба да се напомене дека и таа загубена топка е „сомнителна“. Таа му е запишана за обидот во последната секунда на крајот од мечот, но прашање е дали веќе измина времето или навреме Словенецот ја упати топката кон кошот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

