Реал Сосиедад вчера играше против Мајорка на гостински терен во првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија, и не успеа да победи. Тоа е благодарение на своите промашувања, а особено она на Умар Садик кој го промаши неверојатното.
Сосеидад имаше повеќе од играта и од шансите, но она што го промаши Садик е навистина неверојатно. Во 71. минута Садик се обрука за „сите пари“, и наместо да донесе предност, тој го промаши она што е потешко да се промаши.
Мендез одлично мина на левата страна, и додаде топка на петерецот каде што Садик беше осамен, но наместо во голот, тој ја испрати топката над пречката на празниот гол на противникот.
Промашувањето на Садик може да го видите на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

