После историската сезона, Баер Леверкузен ќе се „растури“

Баер Леверкузен е хитот на сезоната во Европа. Германскиот тим е единствен без пораз од големата европска петорка, а тимот граби кон двојната круна во Германија, откако синоќа во трилер завршница го совлада Штутгарт и се пласираше во полуфиналето на Купот.

Момците на Чаби Алонсо „газат се пред себе“, и после 30 натпревари и натаму се без пораз во Бундеслигата, Купот и во Лигата на Европа.

Уште од сега се шпекулира дека после историската сезона на „фармацевтите“, тимот нема повеќе да биде ист, со оглед дека уште од сега се најавуваат серија заминувања.

Пред се, Леверкузен ќе остане без својот тренер Чаби Алонсо, кој е на добар пат да стане тренер на Ливерпул и да го замени Јирген Клоп на „Енфилд“. Со него исто така се очекува да заминат и бројни играчи кои блеснаа оваа сезона. Пред се тука е левото крило Грималдо, а сигурно дека заминува и Флоријан Вирц кој е мета на големите клубови. Вирц веќе има 15 асистенции, а вчера беше прогласен за играч на мечот против Штутгарт со две асистенции.

Леверкузен би можел да замине и Јонатан Та, стоперот кој исто така игра одлична сезона, а се претпоставува дека ќе замине и Виктор Бонифејс. За Бонифејс се шпекулира трансфер во Наполи, како замена за неговиот сонародник Виктор Осимен кој најави заминување на крајот од сезоната.

Неколку премиерлигаши се интересираат и за Џереми Фримпонг, исто како и за Хинкапие. Борха Иглесиас се враќа во Бетис, а Леверкузен ќе остане и без Јосип Станишиќ кој извесно е дека ќе се врати во Баерн Минхен.

Се вчитува...