Гатузо во страв: Озлогласена мафија му се заканува и му ги пали автомобилите

Поранешниот италијански фудбалер, а денеска тренер на Марсеј, Џанаро Гатузо проживува голема драма. 46-годишникот е мета на озогласена италијанска мафија која од него бара мито и постојано му приредува закани кои ескалираа во последниот период, откриваат италијанските медиуми.

Целата невкусна ситуација настанала откако таткото на Гатузо започнал проект за поставување на фотопанели на семејниот имот, а за таа цел добил 80 илјади евра.

Мафијата прво се обидела да добие камата и му барала три илјади евра за заштита, а со оглед на тоа што Гатузо одбивал да ја плати истата два пати автомобилот на неговата ќерка бил запален, а потоа била и демолирана куќата на неговата сестра.

Гатузо попуштил на притисокот и ја платил сумата, но и понатаму стравува за неговиот живот и животот на неговите блиски. Спасот го гледа во полицијата според која веќе се уапсени две лица поврзани со неговиот случај.

Се вчитува...