ТФТ се врати на домашните обврски триумфирајќи на домашен терен над Кожув (81-70), трет триумф во низа за тимот од Тафталиџе во прволигашката конкуренција. На Кожув не му помогна ниту новата тренерска смена, па тимот од Гевгелија го претрпе шестиот пораз во низа, јасен знак дека на оваа екипа ќе и претстои жестока борба за опстанок до крајот на сезонава.
Првите осум минути од мечот минаа во израмнета борба, за потоа ТФТ за краток период да направи серија од 8-0 и да ја заврши стартната четвртина со предност од 21-13. Кожув беше подобар противник во втората четвртина, на одмор се замина со водство на ТФТ од 43-40, но избраниците на тренерот Смилковски беа на висина на задачата кога беше најважно, повторно успеаја да се одлепат резултатски и на крајот да стигнат до конечните „плус единаесет“.
Ташовски со 21 поен беше најдобар поединец во победничкиот тим, 15 постигна Калхун, додека Николов го заврши мечот со дабл-дабл од 11 поени и 13 скокови. Кај Кожув најефикасни во вечерашниот пораз беа Артисон со 19 и Хукиќ со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА