Уште еден фудбалер во Англија доби суспензија за обложување

Уште една суспензија за обложување на островот. Напаѓачот на Хадерсфилд, Киан Харат доби четири месеци забрана за фудбал и фудбалски активности од страна на Здружението.

21-годишниот напаѓач е обвинет дека во периодот од 2020 до 2023 година се обложил 484 пати на фудбал, со што ги прекршил прописите на англиската асоцијација.

Англичанецот ја призна вината и затоа доби полесна казна од очекуваната, па ќе плати „само“ 3.200 фунти и четири месеци без фудбал. Веднаш по изрекувањето на пресудата, неговиот клуб излезе со соопштение и на тој начин го заврши целиот случај.

Харат постигна еден гол и додаде уште една асистенција на 15 натпревари оваа сезона. Тој е во клубот од почетокот на неговата сениорска кариера, а беше и на позајмица во Порт Вејл и Бредфорд.

Се вчитува...