По очајниот старт на сезоната во кој беше закован на дното на францускиот фудбал, Олимпик Лион полека, но сигурно ја пронаоѓа посакуваната форма.
Откако изминатиот викенд успеа да стигне до големи три бода во мечот против Олимпик Марсеј, вечерва Лион славеше на домашен терен против Лил со 2-1 во Купот на Франција.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Орбан во 40. минута, а веќе во 47. минута беше и 2-0. До крајот гостите постигнаа само почесен погодок за 2-1 преку Алесандро во 53. минута.
Lyon 2-0 Lille – Rayan Cherki 48′
byu/Meladroitdeposter insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА