Фудбалерите на Нигерија се првите финалисти на Африканскиот куп на нации откако во лудиот натпревар по изведување на пенали славеа со 4-2 (1-1).
Нигеријците поведоа со 1-0 со погодокот на Еконг од пенал во 67. минута. Финишот на мечот ни ги донесе „сите убавини“ на фудбалот откако се имплементираше ВАР технологијата. Јужна Африка беше во напад, а главниот судија на мечот кој беше во непосредна близина на случувањата на досуди пенал за оваа репрезентација. Нигеријците ја украдоа топката и во контра напад преку Осимен поведоа со 2-0. Сепак, судијата од Египет Омар беше повикан од ВАР собата да ја провери оваа ситуација, па по некоја пауза од десет минути конечно донесе одлука да го поништи голот на Нигерија и да свири пенал за Јужна Африка. Пеналот успешно го реализираше Мокоена во судиското надополнување и израмни на 1-1.
Victor Oshimen goal disallowed by VAR for South African penalty 85'
byu/rwoteit insoccer
Во продолженијата повторно во прв план беше изгубениот Омар. Прво не досуди чист фаул за Нигерија, иако повторно беше во непосредна близина. Беше повикан од ВАР собата па по прегледување во 115. минута досуди фаул од 16 метри за Нигерија и црвен картон за Кекана.
До крајот Нигеријците не успеаја да стигнат до гол, па натпреварот замина во пенал завршница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

