Кулминација на Суперлигата го достигнува својот врв. Овој пат кон случајот се приклучи и Европската Унија и се огласи со заедничка изјава против споменатиот проект.
Француската влада побара поддршка од Европската унија со цел да се направи заедничка декларација на земјите-членки, со која би се барало да се обезбеди „врска меѓу годишниот настап на националните натпревари и сите европски натпревари“, пишува шпанскиот весник Марка. Споменатата декларација ја потпишаа сите членки освен Шпанија.
Француската влада сега бара од Европската комисија да создаде закон што ќе ја зацементира таа врска. Европската унија уште од почетокот на проектот Суперлига зазеде став против тоа натпреварување, а сега ја радикализираше борбата против споменатиот проект. Обидот на Франција да донесе законска елиминација на Суперлигата доаѓа додека управното тело на европскиот фудбал, УЕФА, се подготвува да го организира својот Конгрес утре во Париз.
Само Реал Мадрид и Барселона се сигурни членови на Суперлигата, додека голем број клубови и европски фудбалски федерации категорично одбија пристап до ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

