Шпанците откриваат: Тоа што го бара Мбапе од Реал Мадрид ги надминува сите граници

Се поголема е извесноста дека Килијан Мбапе следното лето ќе стави крај на кариерата во редовите на ПСЖ која трае веќе седум години и истата ќе ја продолжи во тимот за кој навива од детството, Реал Мадрид.

Во главниот град на Шпанија ќе се пресели како слободен играч со оглед на тоа што му истекува договорот со францускиот клуб па очекува и да добие голем надомест бидејќи ќе се избегнат клупски преговори, открива шпанскиот медиум „Ас“.

Според информациите со кои располага медиумот капиетнот на француската репрезентација побарал 120 милиони евра за потпис на договорот и бруто годишна плата од 50 милиони евра, која во нето износ ќе ја достигне сумата од 25 милиони евра. Покрај тоа бара и одредени клаузули во договорот за постигнати голови, одиграни настапи и освоени трофеи.

Ретко кој фудбалер досега се обидел да го условува Реал Мадрид на ваков начин, но славниот шпански клуб на неговата аквизиција не гледа само од натпреварувачкиот аспект, туку и маркетиншкиот па затоа и се очекува да ги исполни условите на Французинот.

Се вчитува...