Интер Мајами за кој настапува и еден од најголемите фудбалери во историјата, Лионел Меси ја започна азиската турнеја во Кина, но таму не настапи аргентинскиот ас што наиде на голем револт кај кинеските навивачи кои го преполнија стадионот со капацитет од 38 илјади места.
Кинезите за да го гледаат Меси издвоија по околку 600 евра колку што беа цените на билетите, но останаа разочарани. На публиката и се обрати и сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, но беше исвиркан, а скандалот заврши и на расправа во парламентот во Хонг Конг каде се говореше за срамот кој тој гo приредил.
Целата ситуација дополнително се разгоре откако Меси ја надмина повредата на препоните и настапи во соседна Јапонија. За овој потег доби лавина на негативни коментари на социјалните мрежи и закани кон неговиот живот доколку се врати во Кина каде повеќе не е добредојден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

