Рекордерот по бројот на постигнати голови на Светските првенства: Ех, да имав бар малку од техниката на Кејн…

Хари Кејн изминатото лето се пресели од Тотенхем во Баерн Минхен и веднаш ја импресираше германската јавност. Со 28 голови на 27 одиграни натпревари Англичанецот е прво напаѓачко оружје на баварците, а за формата доби пофалби и од Мирослав Клозе.

Поранешниот германски репрезентативец кој покрај на клупската сцена со настапите за Баерн Минхен и Вердер остави длабока трага и на интернационалната сцена со вкупно 16 голови на Светските првенства со кои е апсолутен рекордер изјави дека доколку имал барем малку од неговата техника овој рекорд ќе бил уште поголем.

„Тоа што најмногу ме импресира е неговата техничка на удари. Да имав барем пет отсто од неговата вештина најверојатно ќе постигнев 30 голови на Светските првенства. Тоа што еден тенисер го прави со зглобот при сервисот, тоа го прави и Кејн со стапалото“, изјави Клозе.

Се вчитува...