Со заминувањето на Чави од тренерското место во Барселона на крајот на сезоната ќе започне нова реконструкција на каталонскиот тим. Заедно со Шпанецот се очекува да заминат и пет фудбалери за кои повеќе нема место во култниот тим.
Со сигурност заминуваат Серџи Роберто и Маркос Алонсо чии договори истекуваат на крајот на сезоната. Роберто кој веќе е клупска легенда се очекуваше да остане во тимот под водство на Чави, но замнувањето на тренерот ќе донесе заминување и на повремениот капитен.
Алонсо пак воопшто не ги оправда очекувањата во тимот, исто како и Ориол Ромелу кој изминатото лето пристигна од Гирона.
Покрај овие тројца се очекуваат и заминувања на јужноамериканците Рафиња и Роналд Араухо. Бразилецот пристигна од Лидс во 2022 година во трансфер вреден 58 милиони ерва, но во последно време се мачи со повреди и го загуби своето место пред 16-годишниот Џамал, додека во заминувањето на Уругваецот за кој сериозен интерес покажува Баерн Минхен се гледа на инвестиција за иднината со ангажман на играч од средината и лево крило.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

