Фудбалските правила е на добар пат да бидат сменети, откако се размислува на воведување на син картон. Тоа ќе значи дека играч кој ќе направи груб прекршок или непримерно ќе се однесува, излегува од игра 10 минути, а потоа се враќа во игра.
Оваа промена ќе биде една од најголемите револуции во најпопуларниот спорт на планетата. Според пишувањата на „Телеграф“, револуционерната мерка ќе биде усвоена во надлежното тело на Меѓународниот оддбор на фудбалската федерација, која ги одредува фудбалските правила. Се очекува новото правило да биде прво применето на натпреварите во ФА Купот, а англиските медиуми јавуваат дека би можело да биде применето веќе од следната сезона.
Синиот картон е оведен веќе во Велс, а одлучено е да биде сина боја за да се разликува од жолтиот и црвениот картон. Исто така Португалија веќе воведе нова боја на картон за со неа да истакне акт на фер-плеј на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

