Даниел Димевски доби нов мандат како претседател на Македонскиот олимписки комитет, откако на денешното собрание со мнозинство гласови, 45 од вкупно 55 присутни на Собранието, доби шанса и во следните четири години да го води МОК.
Димевски истакна задоволство од новата укажана шанса и порача следниот пат сите да бидат на иста страна во интерес на спортот и на МОК.
„Благодарам на поддршката, силна бројка, но и голема одговорност. Сакам следниот пат да бидеме сите на иста страна. Многу ми е жал што во овој процес истрпевме некои ситуации кои не се добри, ми е криви за некои мои многу блиски куѓе, кои не знам како гласале, но би сакал да гласаат ЗА. Ние што сме тука не сме многу, малку сме, но мораме да бидеме компактни. Ако се држиме силно, никој ништо не ни може. Јас сум фајтер, победувам затоа што ве имам сите вас, сум ве испочитувал и затоа можам да ве погледнам во очи. Време е сите да запнеме и да го смениме Законот за спорт и да станеме посилни. Сите идни директори да стојат мирно пред наси, и ние и вие го правиме спортот, а не директорите“ – рече Димевски и додаде:
„Јас ќе останам тој што сум, жесток, ќе направам се да функционирам добро со секој иден директор, да не ве доведам во ваква ситуација во иднина. Ќе завршам со тоа дека секој оној кој смета дека некаде не сум направил како што треба, сум го повредил, отворен човек сум, не сум злопамтило и сакам да соработувам со секој од вас поединечно, и да работиме заедно“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА