Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски е еден од најзаслужните за четвртата победа во низа на Вашингтон стејт во НЦАА шампионатот на САД, овој пат на гостувањето против Орегон со 58-64.
Јакимовски беше „бомбардерски“ расположен на дуелот постигнувајќи пет тројки од седум обиди, на крајот за 15 постигнати поени за 35 минути игра.
Андреј Јакимовски сезонава е со извонреден просек од 10,5 поени и 5,7 скока по натпревар што го издвојува како еден од најдобрите кошаркари на Вашингтон, кој се бори за првото место во својата конфренција, во моментов со само една победа зад водечката Аризона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА