Скандалозно однесување на исфрустрираниот Роналдо: Бришеше гениталии со противнички дрес, се расправаше со навивачи поради Меси… (ВИДЕО)

Зачудувачкото однесување на исфрустрираниот Роналдо на крај го одбележа синоќешниот пријателски натпревар меѓу Ал Хилал и Ал Наср.

Интересно, Роналдо не можеше да се воздржи кога ги слушна навивачите на Ал Хилал како го скандираат името на Лионел Меси.

Ал Хилал славеше на натпреварот со 2-0, а срамното однесување на Роналдо започна на крајот кога најпрво се одлучи да се впушти во вербална расправа со навивачите кои „сеирџиски“ се одлучија да го провоцираат со скандирање на името на Лионел Меси.

„Јас сум тука, не Меси, јас сум тука…“ – им дофрлуваше Роналдо.

А, сето тоа кулминираше кога навивачите на Ал Хилал пред него фрлија дрес од тој клуб, а тој го зеде и со него си ги избриша гениталиите. Скандалозно вулгарно однесување на Португалецот кое го шокираше светот.

Се вчитува...