Вечер со многу емоции во ЛА: Откриена статуата на Коби Брајант пред арената на Лејкерси (ВИДЕО)

Вистински емотивна вечера во Лос Анџелес пред синоќешниот НБА натпревар меѓу ЛА Лејкерс и Денвер. Пред арената на Лејкерси откриена статуата посветена на Коби Брајант.

Повеќе од специфично беше и одбран датумот за оваа свеченост (08.02.24), затоа што тоа се двата броја кои Коби ги носеше низ својата кариера како и бројот на неговата ќерка Џана која загина со него во хеликоптерската несреќа на 26. јануари 2020 година.

Како што беше соопштено, планирани се вкупно три статуи на Коби Брајант кои ќе бидат поставени пред „Крипто арената“ во Лос Анџелес. На првата од нив, која беше откриена синоќа, Коби покажува со прст кон небото, потег кој го направи неколку моменти по завршувањето на мечот со Торонто Репторс во 2006 година на кој постигна 81 поен, што е рекорд во неговата кариера.

На свеченоста се обрати и неговиот поранешен тренер Фил Џексон, а присутните ги расплака и легендарниот Карим Абдул Џабар.

„Оваа статуа зборува што значи да се биде исклучителен, дисциплиниран, посветен, што значи да го сакаш своето семејство. Оваа статуа прикажува човек замрзнат во времето кој не потсетува дека личноста е бесмртна“ – рече Џабар.

Коби целата своја кариера ја мина во дресот на ЛА Лејкерс, играјќи 20 сезони во НБА лигата. Притоа, со освоени пет шампионски титули и постигна 33.643 поени со што во моментов се наоѓа на четвртото место на вечната листа на стрелци. Тој е единствен кошаркар во историјата на Лејкерс во чија чест се повлечени од употреба два броја – 8 и 24.

Се вчитува...