Гвардиола „пред нос“ му краде на Флорентино Перез ѕвезда на Баерн Минхен

Алфонсо Дејвис се поизвесно на крајот од сезоната го напушта Баерн Минхен, и покрај тоа што има договор со клубот до јуни 2026.

Но, Канаѓанецот со либериско потекло одби да го продолжи договорот со Баварците, барајќи годишна плата од 14 милиони евра. Во Минхен тоа го одбија и преговорите пропаднаа.

Па, сосема е јасно дека ако Баерн сака да заработи нешто ќе мора да го продава ова лето. А, со месеци веќе се спомнува дека Дејвис ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид.

Флорентино Перез веќе сметаше дека таа работа е веќе завршена, баш како и со Давид Алаба и Тони Крос во минатото. Но, очигледно не е така.

Последните информации од Англија говорат дека Дејвис сега е и тоа како блиску до договор со Манчестер сити. Веќе имал разговори со Пеп Гвардиола, и наводно се е договорено за негова преселба меѓу „граѓаните“. Според информациите од Островот, Манчестер сити дава далеку поголема сума од Реал Мадрид и тоа, се чини, ќе пресуди околу изборот на новиот клуб на Алфонсо Дејвис.

Се вчитува...