По појавувањето на веста дека во фудбалот ќе се воведува син картон, реагираа многумина на кои не им се допадна идејата за ова правило, со кое играч ќе биде испратен на клупата, и после 10 минути ќе може да се врати во игра.
Информацијата беше дека се подготвува ова револуционерно правило, кое би почнало да важи од идната сезона. Меѓутоа од ФИФА ја смирија топката и најавија дека тоа е само идеја, која не мора да значи дека ќе биде имплементирана, туку прво ќе се направат експерименти пред да се донесе конечна одлука.
„ФИФА сака да појасни дека информациите за т.н. употреба на син картон во елитниот фудбал се неточни и избрзани. Тоа е само како идеја, и доколку има тестови, тие ќе бидат применети во пониските нивоа на фудбалот. За ова прашање ќе се дискутира на Годишното собрание на ИФАБ на 2. март“, велат од ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

