Потресите во таборот на Барселона не престануваат. Откако е јасно дека на лето си заминува првиот тренер Чави, многу играчи најавуваат заминување од таборот на „Каталонците“.
Се претпоставува дека тимот ќе го напуштат Рафиња, Торес, Араухо, Кристенсен, а сега наводно и Френки де Јонг најавил заминување од шпанскиот тим.
Извори блиски до Барселона тврдат дека Де Јонг може да замине доколку за него стигне добра понуд. Тој има клаузула од 400 милиони евра, но Барселона би го пуштила и за нешто помалку од 100 милиони евра.
За Де Јонг е заинтересиран Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

