Шпанскиот тренер Чаби Алонсо е на „мета“ на Ливерпул и неколку други големи клубови, откако прави чуда со Баер Леверкузен сезонава. На „Енфилд“ го чекаат Алонсо како замена за Јирген Клоп, кој најави заминување од клупата на „црвените“ по завршувањето на сезоната.
Алонсо е на „мета“ и на Барселона, која исто така бара тренер по заминувањето на Чави, но голема е веројатноста Шпанецот да ја прифати понудата на Ливерпул и да замине во Премиерлигата.
Еден од наследниците на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен би можел да биде неговиот сонародник Хулиен Лопетеги. Лопетеги е без ангажман откако последно работеше во Вулверхемптон, а претходно беше дел од Севилја, Реал Мадрид, Порто, а ја водеше и репрезентацијата на Шпанија.
Исто така како еден од наследниците на Алонсо во Леверкузен се споменува екс тренерот на Баерн Минхен, и екс селектор на Германија, Ханс Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

