Петтиот пораз во низа на кошаркарскиот клуб Партизан донесе немили сцени во Белград. Српскиот евролигаш имаше добиен натпревар против Баерн Минхен, но со тројка во последната секунди претрпе болен пораз.
Навивачите незадоволството го изразила исвиркувајќи го својот тим, дел од навивачите влегоа и во вербален конфликт со кошаркарите, а еден од навивачите отиде и чекор понатаму фралајќи предмет кон нив. За овој потег тој доби животна забрана за присуство на натпреварите, информираат од клубот.
„КК Партизан во текот на денешниот ден по итна постапка ја идентификуваше личноста која по завршување на натпреварот против Баерн Минхен фрли предмет кон кошаркарите во „црно-бело“. Физичкиот интегритет на играчите е неприкословен и ваква постапка е недозволива. Клубот ги повикува надлежните органи да реагираат, а на овој гледач од следните натпревари нема да му биде дозволен влез во салата“, стои во соопштението на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА