Пари Сен Жермен не сака на лето да остане без првата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе. Иако веќе беше објавено од медиумите дека играчот ќе го напушти клубот на лето, на „Паркот на принцовите“ се уште се надеваат дека ќе успеат да го убедат да се предомисли и да остане.
Така „Ле Паризиен“ објави дека управата на клубот му понудила на Мбапе нов двегодишен договор според кој би заработил 160 милиони евра. Единствена опција да остане ќе биде доколку понудата на Реал не биде таква да има поголема плата од Џуд Белингем и Винисиус Јуниор.
Новинарите имаа можност накратко да разговараат со првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, но тој сепак не кажа ништо конкретно за тоа каква ќе биде судбината на Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА