Супер вест за Баерн пред дербито во Леверкузен

Баер Леверкузен и Баерн Минхен утре ќе излезат на мегдан на „Бај Арена“ во дуел што може да биде и решавачки за титулата во Бундес-лигата, а Томас Тухел ја доби најдобрата можна вест пред овој дерби-меч. Мануел Нојер ги надмина проблемите со коленото, денеска тренираше без проблем со остатокот од тимот и искусниот голман ќе биде во можност да го предводи Баерн во Леверкузен.

Нојер беше надвор од тренажен процес од почетокот на оваа седмица, откако лекарите му препорачаа да мирува поради болките во коленото на кои се пожали по последниот натпревар на Баерн. Сепак, значењето на утрешниот дуел е преголемо, па Нојер стисна заби, се приклучи на тренинзите решен да помогне Баерн да стигне до позитивен резултат.

Позитивно за Баерн е што од вчера на тренинг се вратија и капитенот Кимих, како и дефанзивците Упамекано и Ким, со што значително се намалија главоболките на Тухел.

На листата на повредени фудбалери на Баерн се наоѓаат: Дејвис, Гнабри, Коман, Лајмер и резервниот голман Перец, додека Баер Леверкузен на утрешниот дуел ќе биде без услугите на Паласиос, Артур, Косуну и Бонифејс.

Се вчитува...