Борусија Дортмунд славеше над Фрајбург со 3-0 за четврти триумф во последните пет бундеслигашки рунди, уште еден меч на кој „милионерите“ потврдија дека ги надминаа проблемите со кои се соочуваа во првиот дел од сезоната. Терзиќ повторно не можеше да смета на неколку првотимци, Санчо стартуваше од клупата за резерви и влезе дури во 88. минута, но затоа повторно расположен за игра беше Мален, кој ги донесе трите бода на овој натпревар.
Победникот беше решен уште во првото полувреме, кое мина во знакот на Мален, откако холандскиот офанзивец мајсторски стрелаше по петнаесетина минути игра, а потоа рутински претвори еден контранапад во гол за 2-0 во судиското продолжение од полувремето.
Фрајбург мораше да се отвори, но не успеа да постигне ниту почесен погодок. Наместо тоа, на спротивната страна Борусија во финишот ја запечати победата преку Фулкруг, кој асистираше при првите два погодоци, а на крајот успеа и самиот да се запише меѓу стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

