„Ако воведат син картон, Атлетико ќе игра со шест фудбалери“

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Месут Озил се пошегува на сметка на градскиот ривал Атлетико. Поранешниот германски репрезентативец го исмејуваше Атлетико Мадрид, коментирајќи ја веста за можното воведување сини картони во фудбалот.

Англиските медиуми во четврток објавија дека Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (ИФАБ) ќе објави тестирање на сини картони за тактички грешки и расправии со судиите. По добивањето на син картон, играчите ќе бидат отстранети од теренот на 10 минути.

„Значи, Атлетико Мадрид тогаш ќе игра само со 6 играчи?“, напиша Месут Озил на својот Твитер профил.

Сепак, по оваа вест, ФИФА излезе со соопштение во кое се наведува дека информациите за користење на синиот картон на елитните нивоа на фудбалот се неточни и предвремени. Употребата на сини картони претходно беше тестирана во велшките пониски лиги.

Се вчитува...