Вечерва од 18.30 часот фудбалерите на Реал Мадрид ја пречекуваат второпласираната екипа во Ла Лига, екипата на Жирона во дербито на рундата во шпанскиот шампионат. Најпријатното изненадување на шампионатот има 17 победи и со голем оптимизам влегува во мечот на „Сантијаго Бернабеу“.
Тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти пред мечот вели дека ентузијазамот во Жирона е многу голем и дека тие се дојдени во Мадрид да победат.
„Ентузијазамот на Жирона е голем. Тие имаат мотив да дојдат тука и да победат бидејќи со победа ќе избијат на првото место на табелата.Тоа ќе мора да го земеме предвид и добро да се подготвиме за натпреварот“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

