Реал Мадрид без Ридигер на денешниот меч против Жирона

Продолжуваат големиот број на проблеми за Карло Анчелоти посебно во дефанзивата. Искусниот италијански стратег на денешниот дерби меч против Жирона (18.30) нема да може да смета на услугите на Антонио Ридигер.

Оваа информација ја потврдија од клубот велејќи дека тој има проблем со мускулот на левата бутина.

„По извршените тестови денеска, на Ридигер му беше дијагностицирана повреда на мускулот на левата бутина. Очекуваме дополнителни прегледи за да ја знаеме сериозната на оваа повреда“, стои во соопштението од клубот.

Се вчитува...