Фудбалските клубови во Македонија денеска и утре ќе ги одиграат последните контролни натпревари пред пролетниот дел од сезоната во домашните шампионати.
Штипска Брегалница одигра одлично во својот последен меч пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во кој ќе води жестока битка за опстанок во ПМФЛ. Штипјани денеска беа подобри од Кожуф Гевгелија со 3-0. Стрелци на головите за прволигашот беа Андерсон, Робакидзе и Селмани од пенал.
Слога Виница со 2-1 славеше против Беласица исто така во пријателски меч, додека Пелистер беше подобар од Вардар Неготино со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА