Полетаа тениски топчиња на теренот – Прекинат мечот меѓу Менхенгладбах и Дармштад

Натпреварот од Бундеслигата меѓу екипите на Борусија Менхенгладбах и Дармштад е во прекин откако навивачите на домашниот тим во знак на протест фрлија тениски топчиња на теренот во 32. минута.

Судиите заминаа во соблекувалните, а со нив и ги повлекоа и играчите, но по кратка пауза натпреварот продолжи. Овој протест на навивачите на овој тим се поради новите инвеститори кои треба да влезат во германскиот фудбал.

Прекин поради истата работа имаше и на мечот меѓу Унион Берлин и Волфзбург.

Се вчитува...