Mакедонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас и неговиот Ред Бул Лајпциг одиграа реми 2-2 на гостувањето кај Аугзбург во меч од 21. коло во германската Бундеслига.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Тиец во 35. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Опенда во 39. минута. Целосен пресврт донесе Шешко во 52. минута (1-2). Конечните 2-2 беа дело на Демировиќ во 60. минута.
Елмас натпреварот го почна од клупата за резерви, а во игра влезе во 68. минута на местото на Дани Олмо. Во останатите мечеви од 15.30 кои веќе завршија: Ајнтрахт – Бохум 1-1 и Вердер – Хајденхајм 1-2.
Останатите мечеви поради протест на навивачите се уште не се завршени.
Augsburg [2]-2 RB Leipzig – Ermedin Demirovic 60'
byu/suedney insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

