Ливерпул се врати на врвот, Тотенхем во финишот до победа над Брајтон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул се вратија на врвот на табелата во Премиерлигата откако денеска славеа на домашен терен против Барнли со 3-1 во меч од 24. рунда. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Диого Жота во 31. минута. До крајот на првиот дел гостите израмнија на 1-1 преку О’Шеј.

Ново водство за домаќините донесе Дијаз во 52. минута (2-1), додека конечните 3-1 ги постави Нуњез во 79. минута. Со оваа победа „црвените“ се вратија на врвот во Премиерлигата, но мора да се напомен дека имаат натпревар повеќе од Манчестер сити.

Liverpool [2] – 1 Burnley – Luis Diaz 52′
byu/PSGAcademy insoccer

Интересен натпревар одиграа Тотенхем и Брајтон кој заврши со победа на домаќинот од 2-1. Откако гостите водеа со 0-1 со голот на Грос од пенал во 16. минута, домаќините израмни на 1-1 преку Сар во 61. Конечните 2-1 ги постави Џонсон во 96. минута. Во останатите мечеви: Вулверхемптон – Брентфорд 0-2, Фулам – Бормут 3-1 и Лутон – Шефилд 1-3.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...