Може и тоа кога си Катар: Три пенали во финален меч за титула на Азискиот куп (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Катар го одбрани трофејот во Азискиот куп откако вечерва во крајно симптоматичен меч на домашен терен славеше над репрезентацијата на Јордан со 3-1.

Катарците поведоа со 1-0 со голот на Афиф од пенал во 22. минута. Јордан израмни на 1-1 преку Ал Наимат во 67. минута. Ново водство за Катар донесе Афиф и тоа повторно од пенал во 73. минута. Конечните 3-1 ги постави Афиф со хет-трик од пенал во 94. минута.

Јорданците можат да бидат гневни на главниот судија на мечот Нинг од Кина кој досуди дури три пенали за домашната екипа. За Катар ова е втор трофеј во Азискиот куп, откако славеа и на претходно издание.

Qatar [3] – 1 Jordan – Akram Afif 90 + 5 (Penalty and Hat-Trick)
byu/oklolzzzzs insoccer

Се вчитува...