Кошаркарите на ТФТ ја продолжија агонијата на еден од најкошаркарските градови во Македонија, Гостивар откако вечерва многу полесно од очекувањето славеа на гостувањето со 77-91.
ТФТ уште од самиот старт уфрли во повисока брзина, па веќе по десет минути игра скопјани имаа двоцифрена предност (13-28). До крајот на првиот дел таа разлика ја зголемија уште за два поени, па на пауза се замина со водство на гостинот од 27-44.
Во вториот дел избраниците на Боро Смилковски само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 77-91. Страхил Николов со 24 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволен беше 31 поен на Џејлен Инграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА