Тухел се пожали по дебаклот: Нашите позајмени играчи не смеат да играат против нас

Баер Леверкузен со 3-0 го совлада тимот на Баерн Минхен, и му избега на пет бодови на првото место на табелата во Бундеслигата. Сега избраниците на Чаби Алонсо се главни фаворити за прва историска титула во Германија.

Во вчерашниот меч првиот гол го постигна Јосип Станишиќ, играчот на Баерн Минхен, кој игра како позајмен во Баер Леверкузен. Тој ја најави победата, а потоа Грималдо и Фримпонг запечатија три бода со кои во Леверкузен веќе се слави титулата.

Томас Тухел по мечот кажа дека Станишиќ не смеел да игра против својот клуб.

„Во Англија има убаво правило кое вели дека позајмениот играч не смее да игра против неговиот тим. За мене тоа има смисла. Ова правило не постои во Германија“, изјави Тухел кој се „откажа“ од Станишиќ, а токму во оваа сезона имаше големи проблеми на десната бековска позиција па мораше за 30 милиони евра да го купува Саша Бој од Галатасарај.

Се вчитува...