Во мај 2021 година, десниот бек на Борусија Дортмунд, 23-годишниот Матеу Мореј доживеа хорор повреда. Шпанецот се рехабилитираше речиси три години, за да се врати на теренот во петок, кога Борусија Дортмунд играше на домашен терен против Фрајбург.
Мореу доби минутажа, а потоа им аплаудираше на навивачите, кои речиси три години го чекаа неговиот „кам-бек“ на теренот. Мореу игра на позицијата десен бек, а се рехабилитираше целосно пред неколку месеци, но повторно заработи повреда, и сега е целосно подготвен за настап.
„Мореј е нашиот скриен херој. Драго ми е што, конечно, успеа да се врати на терените“, рече тренерот Един Терзиќ.
Мореј го повреди коленото во 2021 година на Куп натпревар против Кил, а повредата беше една од најсериозните во фудбалот. Лекарите се изборија да му ја спасат ногата, а многумина му предвидуваа и крај на кариерата. Мореу паузираше точно 1014 дена
Verdient, verdienter, dieser Moment. pic.twitter.com/QSCP9PURnb
— Borussia Dortmund (@BVB) February 10, 2024
Видео од повредата на Мореј (ВНИМАНИЕ: ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО!)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

