Алонсо: За титулата ќе зборуваме во мај, сега е најважно да останеме на земја

Баер Леверкузен е пред шампионска промоција. „Фармацевтите“ успеаја вчера да го „скршат“ тимот на Баерн на свој терен со 3-0, и да направат огромен чекор кон првата историска титула во Бундеслигата.

Чаби Алонсо прави чуда со тимот од Леверкузен. Шпанецот нема пораз и по 30 натпревари сезонава, но на прашањето за титулата одби да одговори, и кажа дека за тоа ќе се разговара во мај.

„Направивме одлична работа. Дисциплината и тимскиот дух си го стори своето. Настапот во целина беше одличен. Имавме многу шанси, додека Баерн речиси и да немаше шанса. Имаме одличен тим, не мжам сам да го сторам ова. Имаме одлична енергија. Не постои тајна, едноставно играчите само веруваат, а ние сакаме само да победуваме. Нашите шанси за титулата? Ќе зборуваме во мај, сега треба да газиме на земја“, рече Алонсо.

Се вчитува...