Од Баерн Минхен за иднината на Тухел: Нема смена на тренерот

Вчера во германските медиуми веднаш се појавија шпекулации за смена на Томас Тухел од местото тренер на Баерн Минхен после поразот од Баер Леверкузен и веројатно загуба на титулата во Бундеслигата.

Тухел веќе некое време е на удар со оглед дека „Баварците“ не пружаат игри какви што се очекува од нив, особено во германското првенство, а како што е познато, Баерн беше елиминиран од второлигаш во Купот.

Меѓутоа изршниот директор Јан-Кристијан Дрезен демантира смена на тренерот.

„Нема ништо да се смени, нема смена на тренерот“, изјави Дрезен, и се осврна на мечот со Леверкузен.

„Заслуживме да загубиме, Баер Леверкузен беше подобар. Мораме да го прифатиме она што се случи, иако мораме да кажеме дека добро влеговме во натпреварот. Добро е што има уште 13 кола до крајот, и да се надеваме дека Баер Леверкузен ќе греши“, рече Дрезен.

Се вчитува...