Францускиот фудбалер Карим Бензема нема да го напушти тимот на Ал Итихад, и покрај шпекулациите дека ќе си замине од клубот.
Бензема за магазинот „GQ“ кажа дека си го најде мирот во Саудиска Арабија и во Ал-Итихад, во тимот во кој неодамна се врати и се приклучи на тимот.
Некогашниот напаѓач на Реал Мадрид не се појави на подготовките, после вестите дека е незадоволен и дека е пред враќање во Европа.
„Ова е одлично место, и тука го пронајдов мирот. Тоа е нов предизвик кој ми е се допаѓа. Станува збор за долгорочен проект во муслиманска земја. Како муслиман, кога сум во Мека, чувствувам мир“, рече Бензема.
Освен фудбалер, тој е амбасадор на фудбалот во таа земја.
„Тука сум да привлечам некои големи европски имиња во иднина, иако веќе постојат големи имиња. Наш предизвик е да го кренеме нивото тука како и во европските лиги“, изјави Бензема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА