И додека Симоне е на врвот на табелата и најсериозен кандидат за освојување на Скудетото со Интер, неговиот брат Филипо Инзаги денеска доби отказ од Салернитана.
Последнопласираниот тим на табелата во Серија „А“ е во серија од седум натпревари без победа, и тоа беше доволен аргумент на некогашниот голгетер на Милан и на Јувентус да му биде покажана вратата од Салернитана.
Салернитана е на последното место на табелата со 13 бодови, или пет помалку од Каљари кој е на претпоследното место, и од Верона која е на 18. позиција.
Тимот ќе го предводи Фабио Ливерани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА