Повредата на Џуд Белингем која ја заработи на натпреварот со Жирона, беше 28-ма за играч на Реал Мадрид во оваа сезона. За споредба, сезоната „кралевите“ имаат исто така 28 победи во изминатите 34 натпревари во сите натпреварувања.
Никако да стигнат добри вести за Карло Анчелоти, кој сезонава остана без многу стандарни првотимци, но и покрај тоа неговиот тим е на чело на табелата.
Можеби мала насмевка на лицето на Анчелоти носи рехабилитацијата на Начо, кој се врати на тренинзите, и би требало да биде во комбинација за мечот со Лајпциг во Лигата на шампионите во вторник. Поради отсуство на стопери, Реал на средбата со Жирона мораше да игра со Карвахал и Чуамени на тие позиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА