Челси на лето ќе доживее големи играчки промени, со оглед дека во актуелната сезона „сините“ играат далеку под очекувањата, и покрај тоа што беа потрошени многу пари за засилувања.
„Гардијан“ пишува дека прв кој ќе си замине од Челси е ветеранот Тиаго Силва. На Бразилецот нема да му биде продолжен договорот, и тој ќе може да си замине.
Засега 39-годишниот фудбалер не најавил дека ќе ја заврши кариерата, па веројатно по завршувањето ќе се врати во Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА