Вистинска катастрофа доживеа Вест Хем на домашен терен од Арсенал со 0-6. Уште на полувремето фудбалерите на Арсенал успеаја да постигнат четири гола и да ги испратат домашните навивачите предвреме дома.
Во натпреварот во кој целосно доминираа „топчиите“, погоди и Деклан Рајс кој што постигна прекрасен гол, но не се радуваше при погодокот во чест на својот поранешен клуб.
Салиба во 32. минута ја почна серијата на голови на Арсенал на „Олимпискиот стадион“ во Лондон. Сака во 41. минута од пенал зголеми на 0-2, а Габриел во 44. минута погоди за 0-3. Во судиското надополнување од првиот дел и Тросар се запиша во листата на стрелците.
Немаше крај на маките на Вест Хем и во вториот дел. Во 63. минута Сака зголеми на 0-5, а потоа следуваше и голот на Деклан Рајс, кој до неодамна беше дел од Вест Хем. Рајс погоди од 25 метри прекрасно во мрежата на својот поранешен тим, а потоа доби аплаузи од оние кои останаа на трибините кога го напушташе теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА